среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ЛОСОС во кора од ПАРМЕЗАН и БАДЕМ! Лесен ручек или вечера!

ЛОСОС во кора од ПАРМЕЗАН и БАДЕМ! Лесен ручек или вечера!

Едноставен и брз начин за подготовка на филети од риба. Не мора да биде лосос, може и било која друга риба, само прилагодете ја должината на печењето на дебелината на филето… Уживајте!

Состојки:

500 гр филе од лосос

една лажица сок од лимон

две лажички сенф

третина шолја излупени бадеми

четвртина чаша пармезан

маслиново масло

сол, бибер

Подготовка:

Парчињата лосос измијте ги и исушете ги, а потоа ставете ги со кожата надолу во подмачкан огноотпорен сад. Измешајте ги сокот од лимон и сенфот, а со добиената смеса премачкајте ја рибата. Посипете со листови бадем и пармезан, посолете и побиберете, покријте со фолија и печете во рерна на 200 степени десетина минути. Отстранете ја фолијата и печете уште 10-15 минути. Послужете додека е топло.

На здравје!