Задоволство кое никого не остава рамнодушен. Тоа е одличен избор за прослави и за гости.
Состојки:
За тестото:
4 јајца
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 шолја јогурт
1 шолја масло
1 кесичка прашок за пециво
3 чаши брашно
5 лажици мелена плазма
Овошје:
1 шолја малини
1 шолја цреши
Јајцата се матат со шеќер и ванилин шеќер. Потоа додадете јогурт, масло и сè убаво измешајте. Брашното, прашокот за пециво и мелената плазма измешајте ги со лажица.
Во чаши или калапи за мафини ставете по една лажица тесто и во секоја ставете по една лажичка малини и вишни, па уште една лажичка тесто. Така наполнете ги сите корпи или калапи и печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути. Печените мафини по желба посипете ги со шеќер во прав или наполнете ги со некаков фил.