Мафините се колачи кои брзо се прават. Состојките се обично евтини и достапни за секого, а филот можете да го изберете по желба.
Може да бидат слатки или солени и се идеални за појадок, ужина, вечера, но и како мезе кога имате гости. Ќе поминете само половина час и ќе добиете фантастични залаци.
Состојки:
350 гр брашно
130 мл млеко
140 мл масло
4 јајца
2 лажици пармезан сирење
4 лажички прашок за пециво
Прстофат сол
Сирење
Шунка
Варен грашок
Подготовка:
Измешајте го брашното, пармезанот, прашокот за пециво и солта, додајте грашок и шунка и се заедно соединете. Во друг сад изматете ги јајцата, млекото и маслото. Измешајте ги двете смеси и сипајте во калап за мафини. Во средина на мафинот ставете по една коцка сирење. Печете на 180 степени 20 минути.