Вишните се моќен антиоксиданс кој е богат со мелатонин, што позитивно влијае на спиењето, како и регулирање на несоницата, покажува една американска студија. Покрај за спиењето, овие црвени плодови имаат и повеќе бенефиции за здравјето на луѓето.
Секојдневно јадење свежи вишни,сок или екстракт од оваа овошје за 35 проценти може да го намали ризикот од заболување на коските.
Покрај тоа, вишните го блокираат и дејството на C-реактивен протеин, кој предизвикува воспаление на организмот. Антоцијанин, антиоксиданс кој на вишната и дава црвена боја, го зголемува производството на инсулин и до 50 проценти.
Затоа, вишните се многу корисни за дијабетичарите, бидејќи на природен начин може да им се намали шеќерот во крвта.
Листот на вишната се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспалението, го штити нервниот систем, помага кај несоница и лекува тешкотии кај менопаузата.
Вишните се одличен извор на витамин и минерали и имаат благотворено дејство на целиот организам.
Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење. Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата.
Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и во лекување на тешкотии кај менопауза. Освен како свеж плод, вишните може да ги користиме и замрзнати и суви. Чај од стебленцата на вишната помага кај исфрлање на песок од уринарните канали, целулит, импотенција, бубрежна болест и хронично кашлање.
Листот од вишна пак се користи како средство за убавина, а помага кај првут и потечени очни капаци.