понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Малку поинаков рецепт за Бајрам: Дали би пробале баклава со Nutella?

Малку поинаков рецепт за Бајрам: Дали би пробале баклава со Nutella?

Доколку сакате да пробате малку поинаков деликатес за време на претстојниот Бајрам, зошто да не подготвите баклава со Nutella?

За да го подготвите овој рецепт ќе ви требаат:

500 гр кори за баклава

400 гр Nutella

200 гр печени лешници

200 гр стопен путер

малку масло

За шербет:

1,5 чаши шеќер

две чаши вода

една лажичка сок од лимон

Подготовка:

Испечете ги лешниците и исечкајте ги ситно. Стопете го путерот и измешајте го со маслото. Тавата во која ќе ја печете баклавата намачкајте ја со путер. Ставете ја кората и премачкајте ја со путер.

Оваа постапка повторете ја пет пати, па на петтата кора намачкајте со Nutella и посипете со сечкани лешници. Одозгора се става кора, се премачкува со путер. Повторете ја постапката пет пати. Повторно намачкајте Nutella и додадете лешници. Повторно наредете кори.

Исечете ја баклавата и печете ја на 200 степени Целзиусови додека не порумени. Потоа намалете на 100 степени и печете уште 15 минути. Веќе испечената баклава прелијте ја со претходно подготвениот шербет и оставете да се впие.