петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Мандарина – најосвежителното овошје со малку калории

Мандарина – најосвежителното овошје со малку калории

Мандарините се наше омилено зимско овошје поради прекрасниот мирис и вкус, но и малку калории.

Дрвото на мандарината може да порасне и до три метри, а се карактеризира со прекрасни широки листови. Еден плод од ова дрво содржи околу 32 милиграми витамин Ц, што е половина од дневната препорачана доза на овој витамин кој ни е најважен во текот на зимата. Витаминот Ц штити од настинки а игра важна улога во синтезата на колагенот и еластинот во нашето тело. Тие се белковини кои се важни за нашата кожа, мускули. Освен тоа, витаминот е и силен антиоксидант кој штити од напад на различни болести.

Една мандарина содржи околу 50 калории што ова овошје го прави совршено за диетите. Мандарините се и одличен меѓуоброк, бидејќи имаат мало количество на калории, но и масти и холестерол.

Ве советуваме да ги конзумирате заедно со белата кора, поради флавоноидот кој го содржи таа.