вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Мандарини за витка линија и посилен имунитет: Колку треба да јадете на ден?

Мандарини за витка линија и посилен имунитет: Колку треба да јадете на ден?

Мандарините се одличен избор, затоа што содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите, а само едно големо овошје задоволува 53 проценти од дневните потреби за овој витамин кој е моќен антиоксиданс.

Богати се со фолна киселина, чиј недостаток кај бремените жени може да предизвика предвремено пораѓање, но и со растителни влакна, со што се стимулира функцијата на цревата.

Мандаринскиот пектин спречува покачување на нивото на шекер во крвта и го намалува чувството на глад.

Секојдневното консумирање се препорачува на оние кои сакаат да ослабат или да одржат витка линија.

Добри се за нега на лице, а есенцијалното масло од ова овошје е особено ефикасно кај мрсна и проблематична кожа.

А за да искористите се што ова овошје нуди, дневно треба да јадете околу седум мандарини.