вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Машка солена торта, хит рецепт со ќебапи

Машка солена торта, хит рецепт со ќебапи

Солена машка торта. Хит рецепт со ќебапи кој ќе го воодушеви друштвото бидејќи одлично оди со пиво.

Состојки:

ќебапи околу 20
500-600 гр варени компири
30 гр путер
магдонос
сол, бибер
300 гр рикота
3 јајца
2 печени црвени пиперки
копар
150 гр печурки
150 гр кашкавал

Подготовка:

Подгответе калап со дијаметар од 24 см. Полуодмрзнатите ќебапи исечете ги (на половина) и еден дел наредете вертикално во калапот. Сварените компири изгмечете ги, додадете путер, сол и бибер по вкус и сечкан магдонос.

Изматете ги јајцата со 2 лажици павлака и во нив додадете рикота. Додадете сол и сецкан копар.

Добро измешајте.

Втората половина од ќебапите исечете ги на потенки парчиња и наредете ги на дното од калапот. на направите основа. Истурете 1/2 од смесата со компири. Одозгора ставете ги печените пиперки исечени на ленти. Ставете рикота и одозгора наредете ги преостанатите парчиња ќебапи. Истурете ја другата половина од компирот и добро израмнете.

Печурките исечени на ленти, малку продинстајте ги и наредете ги врз компирите.

Печете во рерна на 200 степени околу 1 час. На крајот додадете рендан кашкавал и вратете во рерна уште неколку минути, додека не се растопи.