недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Медалјони со два вида сирење: Се печат во рерна и не впиваат масло (РЕЦЕПТ)

Медалјони со два вида сирење: Се печат во рерна и не впиваат масло (РЕЦЕПТ)

Послужете ги со мезе и јогурт

Има ли подобар почеток на денот отколку со едноставен и вкусен појадок?

Медалјоните со сирење се подготвуваат за час, а можете да ги послужите со мезе и јогурт.

Се печат во рерна, па се поздрава опција бидејќи нема да впиваат масло.

Состојки:

400 гр урда

150 гр капкавал

100 гр брашно

2 јајца

2 чешниња лук

сол, бибер

Подготовка:

Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, па додајте сирење, цели јајца и брашно. Лукот ситно исечкајте го и ставете го во сад заедно со зачините. Измешајте сè додека не добиете компактна смеса од која со раце ќе формирате плескавици со саканата големина. Наредете ги во тава обложен со хартија за печење, па печете ги во загреана рерна на 180 cтепени околу 20 минути.