среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Меки како облак и неверојатно сочни: Туски лепчиња кои се најдоброто нешто што ќе го пробате

Меки како облак и неверојатно сочни: Туски лепчиња кои се најдоброто нешто што ќе го пробате

Состојки:

500 гр брашно
150 мл топло млеко
150 мл топла вода
1 лажичка сол
2 лажици сув квасец
3 супени лажици маслиново масло
сечкан магдонос
малку чили

Подготовка:

Најпрво треба да додадете сол и сув квасец во брашното, а потоа сето тоа убаво да го измешате. Истурете топла вода и топло млеко во смесата и сè добро измешајте.

После тоа, додадете маслиново масло и сè добро измешајте. После тоа, изматете го тестото, премачкајте го со масло и покријте го со фолија и оставете го да отстои еден час.

Потоа извадете го тестото од садот и поделете го на 6 дела и обликувајте ги во топчиња. Потоа треба да ги формирате и да ги пржите во тава 5-6 минути.

Потоа наредете ги една врз друга, но премачкајте ги со масло и посипете со магдонос и чили. Постапката повторете ја додека не го испечете целото тесто.