Се ближи зимата, па вистинско време е да направите големи количини туршија.
Состојки:
9 кг зеленчук (зелка, пиперки, зелени домати, морков, кромид…)
1 л оцет
3 л вода
1 винобран (10 гр)
150 гр сол
200 гр шеќер
Начин на подготовка:
Рецептот е за количина од 9 килограми зеленчук, но течноста е сосема доволна за повеќе од 10 кг.
Зеленчукот добро измијте го. Изрендајте ја зелката, а пиперките и зелените домати исечкајте ги на тенки парчиња, односно листови. Сè ставете во еден поголем сад и добро измешајте.
Измешајте оцет, вода, шеќер, сол и винобран и веднаш залијте го зеленчукот. Малку измешајте… Се чини дека има малку течност, но за десетина минути зеленчукот ќе „падне“. Нека стои 24 часа.
После 24 часа салатата ставете ја во добро измиени тегли. Важно е добро да стиснете, за во теглите да не остане течност. Затворете ги теглите.