Чудесниот рецепт за слабеење речиси и да не остава никого рамнодушен, а е особено идеален за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми кои ги наталожиле за време на карантинот. Еве како да го приготвите уште денес.
Потребни состојки
4 супени лажици овесни снегулки
1 супена лажица кефир или кисело млеко
7 сушени сливи
1 супена лажица мелено ленено семе
1 кафена лажица какао
Начин на подготовка
Најдобро е рецептот да го приготвите навечер. Полејте ги сливите со 100 мл зовриена вода. Измешајте ги какаото, лененото семе и овесните снегулки заедно, а потоа кон добиената смеса додадете го киселото млеко. Сомелете ги сливите и додадете ги кон останатите состојки, а потоа смесата складирајте ја во ладилникот.
Консумирајте го наутро за појадок, а по желба може да додадете и цимет.
Извор: НАНЕ