вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Моментално освежување- исецкајте лубеница и измешајте ја со оваа билка

Моментално освежување- исецкајте лубеница и измешајте ја со оваа билка

Нема ништо подобро во летниот период од лубеница, а кога ќе го пробате овој напиток, полесно ќе ги поднесувате летните денови.

Сè што ви треба е лубеница и малку нане, за да добиете пијалок кој сигурно ќе ве освежи.

Состојки:
– 150гр. исецкана лубеница на коцки, без семки
– 6 китки нане
– 5 чаши вода со мраз

Постапка:
Исецканата лубеница ставете ја во бокал. Малку издробете ги листовите нане за да пуштат арома, па измешајте ги со лубеницата. Потоа во бокалот истурете ја водата со мраз и оставете да отстои во фрижидер најмалку два часа пред консумација.