петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Можете да ги јадете колку ќе посакате: Овие 5 намирници НЕ ДЕБЕЛЕАТ без разлика во која количина ги конзумирате

Можете да ги јадете колку ќе посакате: Овие 5 намирници НЕ ДЕБЕЛЕАТ без разлика во која количина ги конзумирате

Иако звучи неверојатно, тоа е вистина. Кога слабеете, важно е да изберете здрава храна која е полна со витамини и минерали, бидејќи тие ќе му дадат на телото се што му е потребно.

Исто така, постојат намирници кои ви даваат ситост и се нискокалорични, а токму тоа треба да ви ја исполни чинијата. Во вашите оброци треба да вклучите храна која ќе промовира слабеење, но и ќе ви помогне да се чувствувате сити.

Ова се намирници кои имаат висок индекс на ситост:

Риба

Добро е познато дека рибата е богата со протеини и омега-3 масни киселини и има малку маснотии, што ја прави идеална кога станува збор за диета. Хранливите состојки од рибата го стимулираат мозокот, способноста за фокусирање и зајакнување на концентрацијата. Рибата ќе ве засити многу подолго од другите видови месо.

Јаболка

Јаболкото има многу висок индекс на ситост. Во споредба со другите овошја, има низок гликемиски индекс и малку калории. Содржи пектин, влакна кои се добри за варење и вода, што значи дека можете да останете хидрирани дури и ако не сте гладни.

Младо сирење

Секогаш кога имате можност да изберете помеѓу зрело и младо, изберете младо сирење. Има полн вкус, малку калории и многу хранливи материи. Богато е со витамин Б, фосфор, калциум и селен, а ова се само дел од предностите. Ако го јадете за појадок, сирењето ќе ве држи сити долго време.

Тиквички

Добро е познато дека тиквичките имаат многу ниска калориска вредност. Во голема мера се направени од вода, па се одличен избор за забрзување на метаболизмот и согорување на повеќе калории. Тиквичките се составен дел на секоја здрава исхрана, а многу нутриционисти со задоволство ги користат во диетите.

Супи од зеленчук

Супата од корен од зеленчук е одличен избор кога станува збор за диета. Ако им додадете парче посно месо, ќе добиете вкусен и задоволувачки оброк кој ќе ве држи сити долго време. Содржат помалку калории и предизвикуваат помалку надуеност од крем супата и се одличен избор за оние кои сакаат да се чувствуваат сити подолго време после оброк.