четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Можете да јадете тесто и да слабеете, но само под следните услови!

Можете да јадете тесто и да слабеете, но само под следните услови!

Тестото многумина го сакаат, па тешко им е да ослабат.

Добро познат факт е дека тестото, покрај слатките, е еден од главните непријатели на диетата, пренесува „The Sun“.

Сепак, еден експерт вели дека тестенините можеме да ги консумираме и кога сме на диета, важно е само да знаеме едно правило.

Нутриционистката Ема Бекет од Универзитетот во Њукасл вели дека студиите покажале дека луѓето губат повеќе килограми кога нивната исхрана редовно вклучува тестенини.

– Затоа наместо да се откажете од шпагети, размислете да ја намалите големината на порцијата – советува нутриционистот.

Таа, исто така, предлага да се префрлите на тестенини од цели зрна, за кои вели дека се побогати со влакна, кои имаат корист за здравјето на цревата и можат да ви помогнат да се чувствувате сити подолго.

– Тестенините без глутен имаат малку помалку протеини од тестенините од пченица. Значи, и покрај тоа што е поздраво за луѓето со нетолеранција на глутен, нема поголема здравствена придобивка од префрлањето на тестенини без глутен за повеќето од нас, објаснува таа.

Како што вели таа, тестенините најдобро се јадат кога се ладни, бидејќи тогаш јаглехидратите се претвораат во отпорен скроб. Скробот е отпорен на варење и е подобар за нивото на шеќер во крвта.

Значи, вашите преостанати тестенини, дури и ако ги подгреете, имаат помалку калории од претходниот ден.

Истражувачите уште еднаш потсетуваат дека не е во ред да се демонизираат јаглехидратите.

Тестенините треба да се консумираат затоа што, кога се консумираат умерено, можат да бидат многу добри за нашето здравје.

– Најважна е количината. Ако јадете многу овошје и зеленчук, маслиново масло и риба, тешко дека понекогаш уживањето во тестенини може да придонесе за дебелеење – нагласуваат експертите.