вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Мус од костен и чоколадо! Вистинско есенско уживање! (РЕЦЕПТ)

Мус од костен и чоколадо! Вистинско есенско уживање! (РЕЦЕПТ)

Сезоната на костените пристигна, а ние ви пренесуваме рецепт за едноставен чоколаден мус во кој сигурно ќе уживате…

Состојки:

250 гр темно чоколадо
две чаши слатка павлака
чаша пире од костен
четири белки
четвртина чаша шеќер
малку сол

Подготовка:

Чоколадото искршете го, ставете го во соодветен сад, па растопете го на пареа со постојано мешање. Слатката павлака измешајте ја во шлагот, додајте ја растопената чоколада, омекнатото пире од костен и прстофат сол, па сè убаво изматете. Белките се матат со миксер додека постепено се додава шеќерот, па се соединува со смесата од чоколадо и костен со шпатула. Се става во чинии, се лади во фрижидер, па се сервира.