среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Најдобрата функционална храна – ленено семе: Помага при болести на срцето, дијабетес и симптоми на менопауза

Најдобрата функционална храна – ленено семе: Помага при болести на срцето, дијабетес и симптоми на менопауза

Функционалната храна има се поголема популарност поради нејзиниот терапевтски потенцијал, пред се во борбата против кардиоваскуларните заболувања, кои денес се најголемата причина за прерана смрт.

Истражувањата покажуваат дека лененото семе може да биде меѓу најдобрите функционални намирници за чистење на затнувањето на артериите, откако една студија, објавена во Американскиот весник за физиологија – физиологија на срцето и циркулацијата, покажа дека тие го намалуваат формирањето на наслаги за дури 40 проценти. Се смета дека неколку соединенија уникатни за лененото семе се одговорни за овие ефекти.

Полно со хранливи материи

Тоа нуди богатство од здрави масти, витамини и минерали и се користат како традиционална храна и лек во медитеранските култури со илјадници години. Лененото семе и лененото масло имаат неколку здравствени својства за кои се покажало дека се корисни во превенцијата од хронични болести, а една од нивните главни состојки е SDG лигнан – антиинфламаторен полифенол кој се спротивставува на ефектите од атеросклероза.

Има и други здравствени придобивки

Малите златно-кафеави семиња се најбогат извор на алфа-линоленска киселина (АЛА) во природата, која може да помогне во одржувањето на здрав срцев ритам и да спречи болести. Меленото ленено семе помага и при симптоми на менопауза, може да помогне при запек, дијабетес, висок крвен притисок и болка, иако потребни се повеќе истражувања за да се потврди ова. Во некои студии, тоа помогна да се подобри функцијата на бубрезите кај луѓето со лупус. Покрај тоа, семето од лен содржи протеини, влакна и лигнин – растителни хемикалии со антиоксидантно дејство.