Штом еднаш ги пробате, постојано ќе ги правите.
Потребни состојки:
-600 г тиквички
-80 г кромид
-200 г свежи црвени пиперки
-2 чешни лук
-2 до 3 лажици маслиново масло
За прелив:
-2 лажици јаболков оцет
-2 лажици вода
-шеќер
-црн бибер
Начин на подготовка:
Исечкајте, па испржете ги кромидот и пиперките на маслиново масло. Додадете ги тиквичките исечени на кругови и зачинот. Измешајте и пржете под капак, на тивка температура околу 10 минути.
Кратко нека вријат оцетот, шеќерот и водата, па со сосот прелијте ги тиквичките и малку измешајте. Ставете ги тиквичките во огноотпорен сад и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
Печените тиквички одат како прилог со плескавици или шницли. Вака подготвени може да се чуваат неколку дена во фрижидер.