Кога сакате брз, евтин и сочен ручек, тестенините се одличен избор.
Печени тестенини со сирење, во бел сос? Звучи одлично, нели?
Подготовката не може да биде поедноставна, а вкусот е феноменален.
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
300 гр тестенини
50 гр сирење
2 чешниња лук
1 лажица брашно
200 мл млеко
некои зачини и сол
бибер
Подготовка:
Гответе ги тестенините. На малку масло пропржете го брашното и сечканиот лук, додадете млеко и 200 мл вода.
Кога ќе зоврие, промешајте да нема грутчиња, додадете зачини, сол и бибер. Прелијте ги тестенините и изедначете ги.
Одозгора изрендајте сирење. Печете 15 минути на 220 степени.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: