Детоксикацијата на организмот стана императив во времето во кое живееме. Стресот, загадувањето, храната полна со адитиви, лековите кои ги консумираме, алкохолот и тутунот, во нашиот организам создаваат вистинска депонија на штетни материи, кои трајно го трујат нашиот организам.
Сите тие штетни отрови ги ослободуваат своите ефекти во нашиот крвоток и на тој начин допираат до секој орган. Од приложеното ви е јасно зошто е толку важно да го чистите телото од насобраните штетни материи во одредени временски интервали.
Но, подеднакво е важно да се избере адекватен и ефективен метод, кој е безбеден во исто време. Ви носиме рецепт за токму таков третман за детоксикација, кој ќе го исчисти вашето тело од отров поефикасно од било што друго.
Еликсирот од лук и црвено вино го чисти организмот од вишокот сол и маснотии, го решава проблемот со надуеноста и вишокот килограми. Традиционално се користи многу години и се покажа како многу ефикасен.
Нашето тело понекогаш треба да се исчисти, а овој природен лек помага да се исфрлат токсините и да се подобри циркулацијата.
Оние кои го пробале исто така тврдат дека ќе ве ослободи од стресот и хроничниот замор!
Состојки: 12 чешниња лук и половина литар црвено вино.
Подготовка: Лукот исчистете го и исечкајте го, па ставете го во стаклено шише. Додадете го виното и добро затворете. Чувајте го на светло 2 недели и протресете неколку пати секој ден.
По 2 недели, процедете го напитокот и истурете го во друго стаклено шише. Земете една кафена лажичка три пати на ден за еден месец.
Напомена: Ова е силен природен лек и затоа применувајте го со пауза од 6 месеци помеѓу 2 третмани, значи само два пати годишно.