петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Најмоќниот напиток за топење на мастите: Само две лажици дневно ќе ви помогнат да го доведете струкот до совршенство

Најмоќниот напиток за топење на мастите: Само две лажици дневно ќе ви помогнат да го доведете струкот до совршенство

Користејќи го овој сируп, ќе го намалите обемот на половината и ќе се ослободите од вишокот вода во телото. Неговите состојки се добри и за видот, слухот и меморијата.

Главната состојка на овој еликсир за слабеење е рен, намирница богата со витамин Ц, калиум, витамини Б1 и Б6, железо, витамин Б2, магнезиум и фосфор.

Ренот, исто така, го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и го стимулира развојот на добри бактерии во цревата.

Состојки:

– 125 грама свеж рен;
– 4 лимони;
– 3 лажици мед;
– 2 лажички цимет;
– 2 сантиметри корен од ѓумбир.

Подготовка:

Измешајте ги ренот и ѓумбирот во блендер. Во нив додадете го исцедениот сок од лимон и мешајте во блендер уште три минути.

Потоа додадете ги медот и циметот и продолжете со мешањето додека сè убаво не се соедини.

Сирупот истурете го во стаклена тегла. Земајте по една лажица двапати на ден пред јадење или пред вежбање. Консумирајте го три недели, а потоа направете пауза неколку дена.