четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Најслаткиот пијалак: Овие рецепти за топло чоколадо ќе ве воодушеват

Најслаткиот пијалак: Овие рецепти за топло чоколадо ќе ве воодушеват

Француското топло чоколадо е богато и кремасто, а оние што го пробале велат дека овој фин, длабок, раскошен вкус не може да се заборави. Во него се додава кафе, што го подобрува вкусот на чоколадото.

Француско топло чоколадо

Состојки за 2 големи чаши или 4 помали:
1 и пол чаши (2,4 дл) полномасно млеко
половина чаша слатка павлака
2 лажички шеќер во прав
половина лажичка еспресо во прав по ваш избор
220 грама црно чоколадо со најмалку 70 проценти какао, исецкано
шлаг за сервирање

Подготовка:
Во тенџере, измешајте полномасно млеко, крем, шеќер и еспресо и варете на средна топлина додека не се појават мали меурчиња околу рабовите. Не дозволувајте смесата да зоврие. Извадете го од шпоретот, потоа додадете го исецканото чоколадо и промешајте додека не се стопи целосно.

Доколку е потребно, oставете го малку повеќе на шпоретот, на тивок оган да се стопи чоколадото целосно и да се комбинира со остатокот. Послужете топло со додавање на дарежлива количина шлаг.

Ред Велвет топло чоколадо


Состојки за две чаши:
125 грама млечно чоколадо
3/4 чаши полномасно млеко
1/4 чаша слатка павлака
1/4 чаша мешавина за колачи Red Velvet (достапна во нашите продавници)
2 лажици ликер од малина Шамборд или домашна (по избор, но ќе го подобри вкусот)
малку млеко за разредување на топлото чоколадо (по избор)

Подготовка:

Ставете ја смесата од чоколадо, млеко, крем и мешавината за колачи во тенџере и варете на средно-висока топлина, мешајќи постојано, додека не се загрее. Потоа додадете ликер од малина и истурете во чашите. Ако вашето топло чоколадо е премногу густо, додадете малку топло млеко.

Бело топло чоколадо

Состојки за 4 чаши:
4 чаши млеко
170 грама квалитетно бело чоколадо
лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
колачиња од бел слез

Подготовка:
Во тенџере ставете млеко, чоколадо, ванила и сол и варете на тивок оган со постојано мешање додека не се стопи чоколадото и смесата не стане мазна. Потоа истурете во чаши, ставете колачиња од бел слез одозгора и послужете веднаш.