Послужете како прилог или како оброк, печен компир со јајца и сирење дефинитивно ќе ве воодушеви
Состојки:
800 гр компири
3 јајца
150 мл млеко
150 гр тврдо сирење
30 гр путер
Подготовка:
Компирите сварете ги со лушпа, излупете ги и исечете ги на прстени. Се редат во тавче подмачкано со путер. Врз компирите ставете парчиња путер, а јајцата изматете ги со млеко и зачини по желба, па прелијте ги со компирите. Посипете со рендано сирење и печете во загреана рерна на 190°C околу 25 минути.