сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Највкусната прелиена пита со месо и компир што некогаш сте ја пробале: Старински рецепт што сите ќе ви го бараат!

Прелиената пита со месо е идеална за секој оброк, а неретко за неа се вели дека е една од највкусните. Неодоливо е сочна, а вкусот не се опишува – ги освојува и најголемите гурмани!

Состојки:

1 чешне лук
200 мл јогурт
100 мл кисела вода
1 поголем компир
12 потенки кореи
250 г мелено месо
1 главица кромид
30 мл масло
3 јајца
сол и мелен бибер
малку прашок за печиво

Приготвување:

Прво, испржете го месото на масло, па додајте рендан компир, малку бибер, сув зачин, толчена пиперка и сето тоа добро измешајте го.

Во чинија сипете јогурт, додајте малку прашок за печиво и кисела вода. Изматете ги јајцата со жица.

На дното на подмачкан плех, ставете една тенка коричка, премачкајте ја со масло, па додајте уште три, а на четвртата ставете половина од месото и компирите. Потоа, повторно одат четири кори, па месо и четири кори премачкани со масло.

Исечете ја на коцки, прелејте ја со јогурт и на крајот со јајца. Печете ја на 200 степени околу 50 минути, за да зарумени убави и да испари течноста. Послужете ја оладена.