среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Највкусните топли сендвичи, без тостер, со остатоци од фрижидерот!

Највкусните топли сендвичи, без тостер, со остатоци од фрижидерот!

Состојки:

1 бајат леб
1 јајце
100 гр паризер или пица шунка
100 гр кашкавал или друго сирење што го имате
180 мл јогурт или кисело млеко (1 чаша)
100 мл млеко
оригано или магдонос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги изматеното јајце, јогуртот, сечканиот магдонос и ренданото сирење. Потопете ги кришките леб во млеко од едната страна и ставете ги во плех со сувата страна надолу. На секое парче ставете го подготвениот фил. По желба посипете со оригано или магдонос. Печете 10 минути додека филот не порумени одозгора.