сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НАЈЗДРАВАТА ЖИТАРКА НА СВЕТОТ! Подобра е од пченицата и прави чуда за телото

НАЈЗДРАВАТА ЖИТАРКА НА СВЕТОТ! Подобра е од пченицата и прави чуда за телото

Спелтата е житарка која не е генетски модифицирана и која со себе носи голем број на придобивки за организмот.

Го штити здравјето на целото тело, од глава до пети, а лековитите својства на оваа житарка се докажани со бројни истражувања.

По потекло од Јужна Азија, била донесен на Блискиот Исток и оттогаш се проширила низ Европа. Извесен период беше запоставена, но во последно време многу се зборува за неа. Спелтата е широко користена, таа е одлична замена за луѓе кои се алергични на пченица, а нејзиниот пријатен, јаткаст вкус додава уште еден плус.

Спелтата содржи идеален сооднос на протеини, јаглени хидрати, масти, минерали, витамини и целулоза. Диететските влакна се лесно растворливи во вода, што овозможува добра ресорпција на хранливите материи во организмот.

Исто така, има висока содржина на протеини, што ја прави одличен избор кога станува збор за варење и градење мускули.

Спелтиното брашно содржи многу малку маснотии, сол, шеќер и холестерол. Богат извор е на минерали и витамини, вклучувајќи ги витамините Б, магнезиум, цинк, железо, манган, бакар и селен. Иако спелтата и пченицата се нешто слични по хранлива вредност, спелтата има повеќе витамин К, како и минерали, вклучувајќи ги железото, калиумот и цинкот, отколку пченицата.