Рецептот за слабеење од само три состојки предизвика глобално лудило, особено затоа што се повеќе луѓе го пробуваат и имаат само пофални зборови за оваа одлична комбинација!
Состојки:
зелен чај
цимет
ловоров лист
Подготовка:
Варете 800 мл вода, тргнете ја од оган, потоа додадете 1 стапче цимет, 3 ловорови листови и рамна лажица зелен чај. Покријте и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете.
Користење:
Кога станува збор за метаболизмот, важно е да знаете дека најдобро време да го забрзате е рано наутро, веднаш по будењето.
Значи, испијте ја првата шолја од овој чај на празен стомак. Втората чаша можете да ја испиете веднаш по појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.
Со три шолји од овој чај дневно, значително ќе изгубите тежина, особено на критичните точки на телото, како што се стомакот, бутовите и задникот, а првите резултати се видливи по само 7 дена.
Оние кои го пробале овој чај велат дека по првата недела, во просек губат по 8 сантиметри во половината!
Сите три состојки на овој пијалок добро согоруваат маснотии и го забрзуваат метаболизмот, а се подразбира дека секој обид да се забрза метаболизмот и да се намали телесната тежина треба да биде придружен со балансирана исхрана и умерена физичка активност.