Овој крем од авокадо не само што е вкусен, туку е и богат со хранливи состојки. Можете да го додадете на кришка леб или двопек наутро или пак да го користите како додаток на паста или други видови јадења.
Потребни состојки:
1 авокадо
Малку сок од лимон (неколку капки)
30 гр. сусам
100 гр. урда
Сол
Црн пипер
Начин на подготовка:
Ставете го авокадото во блендер и убаво измиксирајте, а потоа додадете ги останатите состојки. Убаво измешајте и додадете сол и бибер.