четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Намаз од печени црвени пиперки и фета сирење

Намаз од печени црвени пиперки и фета сирење

Потребно е:
4 големи печени црвени пиперки
75 гр фета сирење
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
прстофат свежо (или суво) оригано
малку сол (ако сирењето не е многу солено)
маслиново масло

Подготовка:
– Испечете ги пиперките, излупете ги и исчистете ги од семките. Оставете ги убаво да се изладат.

– Пиперките ставете ги во блендер, додадете маслиново масло, исецкано фета сирење, оригано, лукче и убаво иситнете ја целата смеса.

– Пробајте го намазот дали е доволно солен, ако не е додадете уште малку по вкус. Убаво измешајте.

– Овој вкусен намаз послужете го со парчиња препечен леб или фурнаринки.

Забелешка: Овој намаз може да го чувате во фрижидер 5-7 дена.