среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НАМАЗ ОД РИБА И КРЕМ СИРЕЊЕ! Послужете со тост-леб и ќе имате совршено предјадење или ужина!

НАМАЗ ОД РИБА И КРЕМ СИРЕЊЕ! Послужете со тост-леб и ќе имате совршено предјадење или ужина!

Овој намаз ќе ја збогати секоја трпеза, а ќе сакате да го правите секој ден

Без разлика дали сакате да внесете нешто ново во вашиот појадок или сакате нешто солено и вкусно за ужина, овој намаз со лосос и крем сирење сигурно ќе ви се најде:

Состојки:

150 гр крем сирење

три лажици мајонез

една лажица сок од лимон

четвртина лажичка босилек

500 гр филе лосос

два млади кромидчиња

сол, бибер

Подготовка:

Сварете го лососот во врела вода, а потоа исцедете го и изладете. Во блендер ставете ги крем сирењето, мајонезот и сокот од лимон. Додадете босилек, сол и бибер, па добро измешајте за да добиете еднолична смеса. Потоа додадете ситно сечкан млад кромид и сечканиот лосос, па измешајте уште малку за да добиете компактна, но не целосно уситнета паштета. Послужете со леб.