Ова е новиот летен хит, а можете да го направите сами дома
Состојки
100 гр топчиња боб (тапиока).
500 мл вода
За сирупот
200 гр шеќер
250 мл вода
За чај
користете го чајот што го сакате, зелен чај, бел чај, овошен чај
вода да се прелие врз чајот
колку чај толку овошен сок или замрзнато овошје, млеко
ледени коцки
Подготовка
Најпрво сварете го сирупот од водата и шеќерот. Обично се користи 1:1.
Во тенџере се ставаат шеќерот и водата и се варат додека шеќерот целосно не се раствори (обичен сируп) и се остава настрана за сирупот целосно да се излади.
Во друго тенџере сипете вода и оставете да зоврие, кога ќе зоврие додадете ги боб топчињата и варете ги околу 15 минути.
Исклучете го шпоретот, поклопете и оставете го да отстои уште 15 минути.
Процедете ги и ставете ги во изладениот сируп. Се чува во фрижидер во затворена тегла и вака приготвениот bubble чај може да се чува во фрижидер околу 7 дена, доколку остане подолго ќе се стврдне и повеќе не е употреблив.