вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ТАПЕНАДА, вкусен намаз од маслинки

НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ТАПЕНАДА, вкусен намаз од маслинки

Тапенадата е всушност паста од маслинки. Изворно, се користат црни маслинки, иако зелените или мешаните маслинки исто така можат доста добро да послужат. Купената тапенада чини околу 200 денари (220 грама), додека домашната тапенада чини околу 100 …

Состојки:

200 гр зелени маслинки

лажица и пол сок од лимон

лажица коњак

три чешниња лук

100 мл маслиново масло

Подготовка:

Исчистените маслинки убаво измијте ги и исушете ги со кујнска крпа. Префрлете ги во блендер и кратко блендирајте. Додадете го свежо цедениот сок од лимон, коњакот и лукот и мешајте додека не се добие еднолична, но не премногу фина смеса. Потоа додадете го маслиновото масло, измешајте со лажица, па префрлете во претходно стерилизирана тегла и чувајте во фрижидер до една недела.