петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Направете карфиол во рерна, нова и вкусна идеја

Направете карфиол во рерна, нова и вкусна идеја

Печен карфиол, лесен за подготовка и многу вкусен.

Состојки:

– 1 кг. карфиол
– 2 јајца
– 3 дл млеко
– 1 павлака
– 4-5 лажици брашно
– сол, суви билни зачини
– магдонос
– пармезан

Подготовка:

Сварете го карфиолот во солена вода. Измешајте ги јајцата, млекото, брашното и павлаката. Зачинете ја смесата по ваш вкус.

Во смесата можете да додадете малку пармезан и магдонос.

Сварениот карфиол ставете го во огноотпорен сад подмачкан со масло, па прелијте го со смесата со јајцата. Се пече во рерна на 180 степени околу 25 минути.

Послужете со месо по ваш избор.

Пријатно!