вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НАПРАВЕТЕ ПИЦА ЗА 20 МИНУТИ: Ќе биде превкусна, а најдоброто нешто од се е што се спрема во тава

НАПРАВЕТЕ ПИЦА ЗА 20 МИНУТИ: Ќе биде превкусна, а најдоброто нешто од се е што се спрема во тава

Доколку немате премногу време да подготвите класична пица, тогаш сигурно ќе ве воодушеви овој рецепт за италијански специјалитет кој се пече во тава. Кората е направена од лиснато тесто, што е одлично бидејќи не мора да го замесите тестото и да чекате да нарасне. Одлично е за брза вечера кога сакате да го изненадите вашето семејство.

Состојки:

300 гр лиснато тесто
350 мл пасирани домати
200 гр сирење
150 гр шунка
1 лажичка оригано
малку маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:

Тестото развлечете го малку на хартијата за печење и направете круг, а потоа свиткајте ги рабовите навнатре и обликувајте ги рабовите. Тавата во која ќе ја печете пицата обложете ја со хартија за печење. Покријте со капак и печете ја основата на умерен оган 10 минути. Во меѓувреме, зачинете го доматниот сос со сол, бибер, оригано и маслиново масло. Намачкајте го тестото со приготвениот сос од домати, наредете ја шунката и ренданото сирење, повторно ставете го капакот и продолжете со печењето уште 10 минути. Кога пицата е готова, посипете ја со уште малку оригано, исечете ја и послужете.