вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Направете превкусни тортиљи од само 3 состојки: Брзо и лесно до оброк за било кое време од денот

Направете превкусни тортиљи од само 3 состојки: Брзо и лесно до оброк за било кое време од денот

Тортиљите се секогаш добар избор – може да се јадат во секое време од денот и во зависност од филот, во слатки и солени варијанти. Не мора да ги купувате, можете да направите меки тортиљи од три состојки.

Состојки:

2 чаши брашно
1 чаша топла вода
6 супени лажици путер

Подготовка:

Просејте го брашното, па измешајте го со претходно омекнатиот путер. Додадете сол, вода и месете додека не добиете мазно тесто.
Оставете го тестото покриено околу 10 минути. Потоа со раце формирајте топчиња, па со сукало тркалајте ги во круг.
Пржете ги во загреана и подмачкана тава неколку минути од двете страни.