Доматот е многу застапен на нашите трпези. Но, дали знаете дека тој помага во намалувањето на крвниот притисок?
Според новото истражување, една чаша сок од домат може многу да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Исто така, се намалува и ризикот од настанување на срцеви болести.
Ова истражување го спровеле научници од Јапонија. Тоа траело 1 година.
Научниците дошле до заклучок дека луѓето кои конзумираат 1 чаша сок од домат секојдневно, имаат помал ризик од развој на болести на срцето. Исто така, се забележало и намалување на нивото на холестерол во крвта.
Во истражувањето со сокот од домат учествувале 481 луѓе, од кои 184 мажи и 297 жени. Им било дозволено во текот на една година да пијат неограничено сок од домат, а секој ден да забележуваат колку испиле.