среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Направете смути од малини! Нема подобро освежување во овие топли денови (РЕЦЕПТ)

Направете смути од малини! Нема подобро освежување во овие топли денови (РЕЦЕПТ)

Малку малина, банана, млеко и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова одлично смути.

Кога станува збор за летните освежувања, настрана од стандардните пијалоци како вода и лимонада, многу луѓе уживаат во здрави, вкусни смути.

Комбинацијата од малина и банана е нешто на кое многумина нема да можат да одолеат, особено кога ќе им се додадат некои други намирници.

Потребно:

млеко
Грчки јогурт
малини
екстракт од ванила
исечкана банана
мед

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Истурете во чаши, а по желба можете да додадете и коцки мраз.