понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НАПРАВЕТЕ СТАПЧИЊА СО СУСАМ Вкусни грицки кои лесно се прават (РЕЦЕПТ)

НАПРАВЕТЕ СТАПЧИЊА СО СУСАМ Вкусни грицки кои лесно се прават (РЕЦЕПТ)

Направете вкусни грицки кои ќе бидат подобри од оние од продавница

Состојки:

250 гр маргарин
1/2 кг интегрално брашно
кесичка прашок за пециво
300 гр сирење
Јајце

За премачкување:

жолчка
сусам
крупна сол

Подготовка:

Во сад ставете го брашното измешано со прашокот за пециво и сирењето, па додајте ги јајцето и ренданиот маргарин. Месете го тестото додека не омекне, па ставете го во фрижидер да одмори половина час.

Расукајте кора дебела околу сантиметар, премачкајте ја со жолчка и посипете сусам и сол. Стапчињата исечкајте ги со нож и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете додека стапчињата не поруменат.