среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Научниците открија: Еден додаток во исхраната може драстично да го намали ризикот од сериозни болести

Научниците открија: Еден додаток во исхраната може драстично да го намали ризикот од сериозни болести

Во големото истражување во кое учествувале 1.000 учесници во траење од 20 години, научниците откриле дека додатокот во исхраната познат како резистентен скроб значително го намалува ризикот од неколку видови на рак.

Што точно е резистентен скроб?

Доколку ги следите најновите трендови во исхраната, можеби веќе сте слушнале за резистентен, т.е. добар скроб, бидејќи е во фокусот на нутриционистите ширум светот.

Тоа е хранлива материја која е поврзана со бројни здравствени придобивки, како и одржување на оптимална телесна тежина. Тоа е еден вид јаглени хидрати, кои не се целосно сварливи. На својот пат низ тенкото црево, отпорниот скроб почнува да ферментира и служи како пробиотик, т.е. храна за добрите бактерии во нашите црева.

Резистентниот скроб се наоѓа во многу намирници, а може да се додаде во исхраната како додаток.

Храна која содржи добар скроб се: овес, ориз, грашок, боранија и други мешунки, варен и изладен компир и тестенини, малку зелени банани.

Експертите веруваат дека резултатите од оваа студија се толку импресивни што ќе бидат потребни уште нови истражувања за да се потврдат.

– Откривме дека резистентниот скроб го намалува ризикот од рак за повеќе од 60 проценти. Успехот беше најочигледен во горниот дел на цревата – изјавил водачот на истражувањето, нутриционистот Џон Метерс од Универзитетот во Њукасл во Велика Британија, пренесува „Sciencealert.com“.

Ракот на горниот дигестивен тракт вклучува рак на хранопроводникот, желудникот и панкреасот.

Резистентниот скроб нема ефект врз ракот на дебелото црево
Сепак, авторите укажуваат на важно ограничување на студијата, а тоа е дека резистентниот скроб немал мерлив ефект врз ракот на дебелото црево, туку само врз неколоректалните тумори на дигестивниот систем.

Ова ги изненади истражувачите бидејќи тие очекуваа дека ефективноста на скробот треба да биде најголема таму каде што се разградува.