Текилата е многу полезна за стомакот и помага при болести на дигестивниот тракт, потврдиле тимот експерти после спроведениот експеримент во Мексико.
Експертите анализирале редица лекарства, кои би можеле да помогнат при лекувањето на стомакот и цревата, а во таа група и рак. Но под влијание на стомачниот сок тие ги губеле лековитите својства.
Тие откриле дека само мексиканскиот пијалок не трпи промена под влијанието на стомачниот сок.
Во иднина ова откритие може да помогне на медицината при создавање на поефикасни лекарства за лечење на повеќето болести на дигестивниот тракт.
Затоа слободно наздравете со чашка текила во име на здравјето!