Кромидот освен што ќе ве расплаче ќе направи чуда за вас и вашето здравје. Затоа побарајте очила за пливање, затнете нос или обидете се со некоја друга техника, но во ниту еден случај не го фрлајте кромидот.
Кромидот е добар против воспаленија. Потопете го во вода и оставете го да отстои преку ноќ. Овој раствор е подобен против алергија, воспаленија и осип на кожата.
Мувите и комарците бегаат од него. Истиот раствор поставете го пред вратата или прозорецот од вашиот дом и уживајте.
Кромидот го намалува холестеролот, но тоа не значи дека треба да престанете да вежбате или здраво да се храните. Направете си супа од кромид и секојдневно по малку каснувајте. За подoбар вкус додадете малку мед.
Кромидот содржи ензим наречен Quercetin кој се бори против канцерогените клетки.