вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Не ги фрлајте перцата од лукот, еве за што можат да ви помогнат

Не ги фрлајте перцата од лукот, еве за што можат да ви помогнат

Сезоната на млад лук е во ек, пазарите се преполни со ова лековито растение. Лековитите својства на лукот ги знаеме добро, но она што често го правиме, а е грешка, е што ги фрламе перцата од лукот, а токму тие ги поттикнуваат антивоспалителните дејства во организмот.

Го штитат срцето

Перцата се богати со антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Освен тоа, младиот лук го држи во нормала притисокот и го намалува ризикот од тромбови

Вид

Содржат витамин А, важен за производство на протеинот во очите заслужен за добар вид. Кај луѓето кај кои има недостиг од овој витамин се јавува ноќно слепило.

Ги зацврстува коските

Витаминот Ц во младиот лук е добар за заштита на коските Само едно лукче содржи 20 проценти од препорачаната дозна витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се многу важни за коските.

Убава кожа

Верувале или не, лукот го потпомага создавањето колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот го забавувања создавањето брчки на лицето.