четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Не ги фрлајте семките од лубеницата, еве колку се здрави

Не ги фрлајте семките од лубеницата, еве колку се здрави

Луѓето се навикнати да ги фрлаат семките од лубеница, веројатно затоа што како деца нѐ учат дека не е добро да ги јадеме. За детските дишни органи, тие може да бидат опасни, но истражувањата покажуваат дека малите црни семки се и вистински извор на здравје.

1. Ја намалуваат надуеноста. Семето од лубеница содржи влакна кои позитивно влијаат на системот за варење, односно ја ублажуваат подуеноста и гасовите во човековото тело.

2. Содржат калиум. Овој минерал ја регулира количината на вода во нашето тело, со што, на пример се намалуваат отоците на зглобовите и стапалата.

3. Семките обезбедуваат заштита од ултравиолетовото зрачење и ја подмладуваат кожата. Содржат витамин Е, кој што влијае на здравјето на кожата и спречува дамки и пеги. Исто така, тие се полни со антиоксиданси, со што се забавува и стареењето на кожата.

4. Го зајакнуваат човековиот имунитет и здравјето, а тоа – благодарение на многу други минерали што се наоѓаат во семката, како што е железото. Тие исто така содржат триптофан, кој поттикнува лачење серотонин, а тој пак, го намалува стресот и нѐ прави посреќни.

5. Тие содржат магнезиум и цинк. Тие се од суштинско значење за работата на целиот организам.