Зачувајте го стариот леб и со помош на овој рецепт ќе имате едноставно и евтино уживање.
Состојки:
500 гр стар леб
300 мл млеко
100 гр суво грозје
100 гр сечкани ореви
200 мл слатка павлака
3 јајца
5 лажици шеќер
1 кесичка цимет
Подготовка:
Исечете го лебот на парчиња. Измешајте ги сувото грозје, оревите, шеќерот и циметот. На дното на тава наредете еден ред кришки, прелијте со половина од млекото, намачкајте половина од смесата од ореви и суво грозје. Одозгора повторно ред леб, истурете го остатокот од млекото и преостанатата смеса со суво грозје. Оставете 15-20 минути лебот да го впие млекото.
Изматете ги јајцата и соединете ги со слатката павлака и прелијте ја питата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека не порумени.
Посипете со шеќер во прав за декорација и подобар вкус.