Сите сакаме лазањи, дури се осмелуваме и самите да ги направиме, но секогаш има нешто што ја прави да не биде совршена. Тестото е тврдо или неварено или воопшто не се чувствува, филот е премногу или го нема или има доволно, но средината е „чудна“…
Во секој случај, цврсто веруваме дека – штом ќе се одлучите за сложената задача за подготовка на лазањи, која трае долго и има сто чекори – треба да бидете наградени со совршен резултат.
Затоа собравме неколку совети од експерти и мајстори за лазањи. Сите овие се всушност мали нешта, од кои повеќето веројатно веќе ги знаете, но можеби ќе откриете некој детал што сте го пропуштиле.
За тестото…
Ако правите сами тестенини (со среќа!) или користите свежи купени тестенини – сварете ги листовите во вода со малку масло, ставете по еден лист во топла вода.
Ако користите сушени листови од лиснато тесто купени во продавница, од клучно значење е ниту еден дел од тестото да не остане непокриен од филот. Едноставно нема да омекне.
Исто така, за време на печењето намокрете ги ќошевите на лазањите за да не останат суви.
Две-три работи за филот…
Не штедете на филот, но и не претерувајте. Лазањите мора да имаат јасни слоеви во пресек, но тие не се како манџа и тестенините не смеат да го преземат вкусот.
Од истата причина, иако бешамелот е одличен, не претерувајте. Ако има премногу, може целосно да ја уништи текстурата на лазањите.
Колку е покремаст филот, толку подобро. Исечкајте ги и зеленчукот и месото колку што можете повеќе… Преголемите парчиња ќе го расипат изгледот на сечењето, но и вкусот.
Исто така, не ризикувајте со неварениот зеленчук во филот. Гответе го или барем бланширајте го.
За печењето
Половина од времето печете ги лазањите покриени со алуминиумска фолија и втората половина крај непокриени. На овој начин ќе избегнете неиспечена средина, а сепак ќе добиете убаво заруменета површина.
Но, има повеќе!
Отстранете ја хартијата за печење веднаш штом се испечат лазањите. Ако не ја отстраните, ќе се навлажни и ќе ви го уништи долниот слој од тестото. Уште подобро, воопшто не користете хартија за печење, туку подмачкајте го плехот за печење.
Оставете ги лазањите да отстојат, не ги јадете топли. Верувале или не, следниот ден ќе имаат подобар вкус.