Многумина знаат дека урмите се здрави, но не и колку навистина се благордни за нашиот организам.
Ова овошје е богато со природен шеќер кој е одлична замена за обичниот.
Урмите го намалуваат чувството на глад, тие се вистинска природна мултивитаминска таблета поради што се препорачуваат и за возрасните и за децата. Помагаат при анемија, висок крвен притисок, холестерол, дури и во борбата против ракот.
Урмите ги нарекуваат и витамини за очи, па се препорачува доколку имате проблем со видот често да ги јадете.
Тие се богати и со калиум кој е одличен против дијарејата. Нивно редовно конзумирање ќе помогне цревната флора побрзо да се обнови, а го стимулира и процесот на создавање на добри бактерии во цревата. Изобилуваат со природни влакна кои благотворно делуваат на работата на цревата.
Доколку имате проблем со мрзливи црева добро е навечер во вода да ставите неколку урми. Преку ноќта тие ќе пуштат сок кој делува како одличен лаксатив.