петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Необично, но вкусно: Солено чоколадно задоволство со карамела

Необично, но вкусно: Солено чоколадно задоволство со карамела

Потребни состојки за 6 порции:

  • 50 грама путер
  • 300 грама чоколадно млеко
  • 300 мл слатка павлака
  • 6 лажици прелив од карамела
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Растопете ги путерот и чоколадото на тивок оган, мешајќи повремено. Откако ќе се растопат додајте им ја слатката павлака и мешајте додека не се соединат.
  2. Во шест мали шолјички додајте по една лажица карамела. Гледајте таа да биде рамномерно распоредена по целото дно. Потоа во секоја од нив додајте ја чоколадната смеса.
  3. Шолјичките ставете ги да отстојат во фрижидер околу половина час. Потоа додајте им по неколку зрна сол и пак вратете ги во фрижидер да отстојат уште неколку часа додека не се стврднат. Потоа се спремни за сервирање.