среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Неодолив, лесен рецепт: Овој десерт ќе го пробате еднаш, па ќе го правите секогаш

Неодолив, лесен рецепт: Овој десерт ќе го пробате еднаш, па ќе го правите секогаш

За кора: Постепено матете јајца и шеќер, па додавајте млеко, брашно, масло, прашок за печиво и какао. Кога сè ќе биде разматено во глатка смеса, ставете во намастен плех и печете на 200 степени додека не порумени.

За фил: Белките пенасто разматете ги со шеќер така што ќе добиете цврст снег. Тоа ставете го на топлата кора. Исклучете ја рерната и исушете. Кога смесата ќе биде доволно цврста извадете од рерна. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо, шеќер, млеко и маргарин.

Ставете во фрижидер добро да се излади и стегне. Исечете на коцки и послужете

СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 5 жолчки, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1,5 чаша брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 5 белки, 15 лажици шеќер

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 100 гр чоколадо, 4 лажици шеќер, 4 лажици млеко, 1 лажица маргарин

ИЗВОР- ГОТВИ