вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

НЕОДОЛИВА УБАВИЦА СО ПИШКОТИ КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ: Чоколадниот фил ќе ве освои уште при првиот залак

НЕОДОЛИВА УБАВИЦА СО ПИШКОТИ КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ: Чоколадниот фил ќе ве освои уште при првиот залак

Идеална за топлите летни денови!

Пандишпанот е неверојатно лесен за правење, а вкусот е феноменален! Ќе го добиете совршеното задоволство без многу мака! Пишкоти, чоколадо и бел фил е се што ви треба за овој неодолив десерт. Сигурни сме дека ќе го снема за помалку од една минута.

Состојки:

150 гр пишкоти

200 мл млеко

300 гр чоколадо

200 мл слатка павлака

100 гр нутела

За фил:

500 мл слатка павлака

500 гр маскарпоне сирење

80 гр шеќер во прав

1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Чоколадото и слатката павлака растопете ги, па додадете ја нутелата и мешајте додека се се соедини. Изматете ја слатката павлака, па додадете го маскарпонето и шеќерот во прав. Потопете ги пишкотите во млеко и наредете ги во калапот. Прелијте ги со половина од белиот, а потоа половина од чоколадниот фил. Потоа преостанатиот бел, па чоколадниот фил. Оставете во фрижидер околу 30-40 минути.