Кога готвиме, во станот често се појавуваат разни мириси на храна. Но, постои начин како брзо да ги неутрализирате, потребни ви се само лимон и сол.
Лимонот исечете го на четири дела, но четвртините не ги одвојувајте, само малку раширете ги. Исечениот лимон посипете го со сол.
Потоа ставете се во тегла, посолете уште малку и затворете ја. Оставете го да отстои неколку минути, а потоа извадете едно парче во послужавник.
Ставете го лимонот онаму каде што најмногу ви одговара и почекајте да почне да делува, па вадете по потреба.
Солта ќе ги впие сите непријатни мириси, а лимонот ќе шири освежителен мирис.